Македонската екс водителка и можеби највлијателна инфлуенсерка Миа Костова одново сподели нов сет фотографи од годишниот одмор кој гледано отстрана, човек има впшечаток дека и трае цела година.
Меѓу останатото, дали за да разбие досада или професијата на новото време тоа го бара од неа, Миа постојано комуницира со своите следбеници на најразлични теми. патем и самата умее да искоментира многу работи што и „бодат очи“, ама тоа е таа… Таква е скроена и тука нема промена!
Меѓу останатото многумина ја забележале една од бројните тетоважи кои инфлуенсерката ги има на себе. Можби зато што е на мошне специфично место, некаде над градите или повеќе заради она што таа го симболизира.
Имено, Миа Костова на посочента „телесна локација“ има истетовирано полумесечина. И оттаму тргнуваат бројните претпоставки и нагаѓања… Дали е до мистиката, симболиката или е до верата, зашто полумесечината во муслиманскиот свет е симбол на исламот како религија, како муслимански идентитет.
Со помош на тетоважа на полумесечина, жените што ја имаат ја покажуваат својата мистерија и женственост. Некои жени се тетовираат за да ги подобрат љубовните односи или да се справат со проблемите во мајчинството.
Жените претпочитаат да го применат овој дизајн, демонстрирајќи мирен карактер и женственост. Романтичните девојки ќе додадат малку мистерија во себе со оваа тетоважа. Вака вели толкувањето на значењата на тетовираната полумесечина, ама еве што за изборот на својата тетоважа вели самата Миа Костова:
„Без исклучок имам прашања на тема – што ти значи месечината, дали си вртите во глава дека има муслиманска позадина не знам, ама еве случајно ја најдов сликата заради која отидов и се истетовирав. Како и останатите 30 тетоважи, така и оваа само ми се свиѓа. Нема позадина“ – споделила инфлуенсерката појаснувајќи ја намерата зошто си истетовирала полумесечина над градите.
Кога сме веќе кај градите , кои пред извеен број години Миа силиконски ги надгради, можеби е следно прашање, од каде уште едно срце меѓу нив, овој пат тетовирано? А и зошто пирсот над него?
Слободно прашувајте ја Миа, летото туку што започна, а како тргнало ќе биде баеги долго и топло.
Фото: Инстаграм/miandrija