Миа Костова денес е несомнено највлијателната македонска инфлуенсерка. Откако водителството го стави на „стенд бај“ комплено и се предаде на ноата професија во која од ден на ден се повеќе почна да напредува доаѓајќи до самиот врв. нејзиното влијание е сега толку големо, како што велат, „што и да фати – умее да го позлати“!
Дали се тоа одредени производи, акцесоари или услуги, како Миа нема други што толку добро ќе ги изрекламираат и продадат, па на сето тоа и „додадена вредност“ ќе додадат, зада бидат задоволни сите. Целото свето тројство: оној што ја ангажирал, оние што производот или услугата ја набавиле или искористиле и секако таа – македонската Инстаграм кралица Миа Костова!
Но, ако Инстаграм го користи исклучиво за работа, останатите социјални мрежи и се за еден вид поддршка. Добро, на Фејсбук да речеме неретко знае и „да го одврзе јазикот“ пред неправдите кои за разлика од мнозинството јавни личности Миа не може да ги премолчи, а на ТикТок… Таму слободата на изразување е поголема, ама начинот е малку поинаков.
Токму затоа можеби русокосата инфлуенсерка беше мошне загрижена по објавата дека ТикТок ќе биде забранет во Америка… И беше… За среќа само на еден ден. Ама тој ден, тие 24 часа ја ставија на маки, сомнежи и размислување, што ако после ТикТок на ред дојде Инстаграм? А и да не дојде, дали по забраната, нејзината омилена мрежа нема повеќе никогаш да биде иста? Или не барем онаква како до сега, каква што Миа посакува?
А стравот повеќе од оправдан, зашто на Миа не и е никако потребен нов стрес. Како оној од пред две години која комплетно ја распамети и „извади од папучи“ кога Инстаграм бришеше фоловери и цели профили. Тогаш македонската водителка и инфлуенсерка едвај најде начин како да провери дали нејзиниот работи, па Миа Костова топлес го проверуваше и смируваше нивото на стрес!
Токму затоа по забраната на ТикТок во Америка, без да знае дека таа ќе биде ептен краткорочна, Миа Костова загрижена го сподели своето разочарување и видување што следно би можело да се случи?
За среќа, како што рековме нејзината грижа како и забраната, траеше само на еден ден. Ама тој ден, тие 24 часа, а и фазла некој саат, Миа не беше раат. Откако ТикТок другиот ден го вратија, на Миа и олесна… Па работата одново и оди како песна!
Фото и видео: Инстаграм/miandrija