Миа Костова со години наназад важи за една од највлијателните македонски инфлуенсерки, која ја следат стотици илјади следбеници на социјалните мрежи.
Миа направи пауза од видеата поради трагедијата во Кочани по големиот пожар што се случи во клубот „Пулс“, а сега со најновата објава ги загрижи нејзините следбеници.
Таа објави фотографија со кравата, ама не обична , туку онаа специјалната медицинска, по што нејзините следбеници веднаш се вознемирија.
Имено, Миа носеше, Шанцова кравата на вратот, па објасни зошто е тоа така.
„Дечки премногу фала за грижата. Не се случило ништо страшно. Освен што имам три дијагнози на вратот, многу често ми се воспалува од предолго гледање во телефон, возење во кола, од патувања. Тука позади, ме болат раменици, ме боли глава и ‘Шанц’ е прва помош. Се носи по неколку часа на ден и е обавезен кога патувате на подолго. Ете ако имате такви проблеми, лордоза, спондилоза, дискусче , топло го препорачувам“ – рече таа.
Изгледа дека овој пат имала воспаление, но знаеме дека е силна и брзо ќе го реши проблемот. А секако, советот кој го сподели ќе им помогне и на многумина други.
Фото: printscreen/instgaram