Радио Милева привлече внимание

Миа Борисављевиќ го откри рецептот за хармоничен брак: „Љубоморна сум …“ (фото)

Миа Борисављевиќ го откри рецептот за хармоничен брак: „Љубоморна сум …“ (фото)

Пејачката Миа Борисављевиќ вчера се појави во луксузен белградски ресторан, на прослава што ја организираше Радио С по повод  триесеттиот роденден.

Таа беше во друштво на нејзиниот сопруг, пејачот Бојан Грујиќ, а нејзиниот атрактивен изглед го привлече вниманието на присутните.

Пејачката сите ги воодушеви со смелиот стајлинг во бело. Мини здолништето ги откри нејзините витки нозе и совршената фигура, додека под сакото носеше боди во боја на кожа, што го истакна нејзиното деколте.

Бојан одел на сигурна варијанта, па за оваа пригода избрал класичен, црн костум.

Видно расположена Миа дала изјава за тамошните насобрани медиуми каде зборуваше за бракот со Бојан.

Како одговор на коментарот дека многу девојки се луди по нејзиниот сопруг и дека сега е во тренд на TikTok да му се „фрли око“ на зафатен маж, Миа откри дали се плаши дека некој може да и го грабне.

– Дали токму сега го забележавте тоа? Тоа навистина ме изненадува. Бојан одамна е згоден и зафатен (се смее). Секако дека не се плашам – низ смеа изјави пејачката, а на прашањето дали има рецепт за хармоничен брак, рече:

– Ние немаме. Рецепт за тоа нема – истакна Миа. Сепак, признава дека понекогаш и таа е љубоморна.

– Сигурена дека  сум во некои ситуации, во нормални граници. За мене важи и се што е нормално за човек, но сите тие негативни емоции ги канализирам и ги отфрлам, работам на себе – признала Миа Борисављевиќ

фото: printscreen/FB/Instgaram

 

To top