Мегафон финално одбројување

„Меморија“ најави аудиовизуелен концертен рок ен рол спектакл, грст гости и изненадувања, но и нив пријатно ги изненадија (ВИДЕО)

„Меморија“ најави аудиовизуелен концертен рок ен рол спектакл, грст гости и изненадувања, но и нив пријатно ги изненадија (ВИДЕО)

На вчерашната финална ПРЕСС-конференција која се одржа во просториите на Универзитет „Скопје“, членовите на легендарната македонска поп-рок група најавија аудиовизуелен концертен рок ен рол спектакл, грст гости и мноштво изненадувања.

Она што е веќе обзнането е дека покрај бендот овој пат „понежниот пол“ од музичкиот свет ќе го има главниот збор. Со микрофонот или инструментот в рака кога се во прашање бонус настапите вткаени во музичкиот концепт на концертот,  дамите како Ружица Брчиоска и „Ареа“, Дани Димитровска, Андријана Јаневска, Сара Мејс, Александра, Илиева, Тијанче Илова... засилени со едно машко има – Бранко Ѓоргиев, ќе бидат оние кои со својата вокална или инструментална изведба ќе ја обојат атмосферата и целиот амбиент.

„Концертот е замислен како едно големо мултимедијално шоу, кое ретко се гледа. Ќе бидете и самите изненадени од некои работи кои досега не сте ги виделе или сте ги виделе, но не кај нас и не во таква форма и интензитет. Генерално работите околу продажбата на влезниците одат добро и се надевам дека ќе имаме една вистинска концертна журка пред преполна сала со максимален фидбек на публиката кон бендот. Еден апсолутно концертне спектакл и во аудио и во визуелна смисла. Ние најавивме повеќе изненадувања и повеќе гости на концертот – познати македонски музички имиња. Ова ќе биде женска журка, кога се гостинките во прашање, но има и по некое машко. Меѓу сите нив и последниот гостин кој што го чуваме до крај во тајност, со сиот респект на оние кои ги знаете и се објавени и споменати,  е вистинска музичка ѕвезда со интернационална кариера. Во прашање е  едно големо, можеби во моментов и најголемото наше музичко име со интернационална кариера, на чии маестрални изведби се поклонува публиката ширум светот“ – рече ПР от на групата, Антонио Димитриевски.

Членовите на „Меморија“ пак зборуваа за одвивањето на подготовките, текот на пробите, соработката со специјалните гости… Но покрај најавените изненадувања, обзнанија дека и самите биле изненадени и тоа многу пријатно од вокалната изведбата на последната балада „За тебе“, преполна со емоции на женскиот хор „Фрида“ предводен од Сузана Турунџиева, чие видео парче беше споделено и на ПРЕСС-от!

На социјалните мрежи пак исто така, овој пат самите членови на „Mеморија“ споделија едно посебно видео парче од нивните проби,  на кое со нив пее и еден од најавените гости на концертот,  Филип Николоски, младо момче кое се движи со помош на количка, но многу ја сака музиката, свири на синтисајзер, пее и настапува. Нему му е посветена и песнатата „За добро да е“, за која музиката е на гитаристот на „Меморија“ Рубин Димкоски, а текстот е на Дуле Темелкоски. Тој ќе пее заедно со Ристо Самарџиев и Перо -Камиказа, а снимката од пробата, на социјалните мрежи многу гледана и достигна 80.000 прегледи.


„Филип Николоски вчера дојде на нашата проба и знаеше до најмал детал што кој свири во сите песни. Иако е во колчка поседува огромно количества позитивна енергија, што ја почувствувавме сите во студиото. Особено ни е драго што за Филип музиката е мнгу важна во животот, каде може да го зирази својот талент. Со него ќе настапиме и во Скопје, а секако и на нашиот концерт во неговиот роден Прилеп“ – рече  Самарџиев.

Членовите на групата потоа одговараа на новинарските прашања, а потоа зборуваа и за нивните идни планови, издавањето албум, концерти по другите градови, а за догодина најавија и еден „мал“, како што Петар Георгиевски – Камиказа го нарече „семеен концерт“ во МКЦ, каде што се’ започна, на кој ќе свират и пеат сите некогашни членови на групата.

Дотогаш одбројуваме ситно до големиот славенички концертен спектакл на „Меморија“ на 16-ти ноември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Фото: Јованка Гроздановска

 

To top