Македонската тртендсетерка и екс- водителка Мелита Ракичевиќ откако ја покажа својата магична атмосфера од декроацијата во домот, сега следно фокусот го стави на себе и одбележувањето на празничните денови.
Мелита редовно пактикува да „сервира“ провокација кога се најзините фотки на Инстаграм во прашање, но сега со новогодината фотосесија баш изненади.
Облечена во класичен модел на пижами налик кошула, со средена фризура и шминка, Мели седна да позира пред каминот и елката со книга во рака.
Сериозен поглед и децидна мисла, не онаа од книгата, туку онаа од искуство за која во дополнување на фотографиите вели:
-Ме прашаа сега брзо: Што најхрабро во животот си направила? Се насмеав и одговорив. Во моментите кога ми се рушеа соништата, кога се прашував како понатаму, ја подигнав високо главата и продолжив понатаму, дури и кога срцето ми беше скршено, напиша таа.
Мелита неодамна кажа дека е зависник од купување на нови декорации и постојано сака нешто да доукраси и да и светка околу неа, а очигледно не само во домот, туку и генерално околу неа, а тука секако е и Инстаграм профилот кој веќе празнично го „украси“.
фото:Instagram printscreen/melitameli