Радио Милева откриено

Мелина повеќе не сака да биде Џиновиќ: По разводот реши се да промени, а ова презиме ќе го носи сега (фото)

Мелина повеќе не сака да биде Џиновиќ: По разводот реши се да промени, а ова презиме ќе го носи сега (фото)

Како бомба одекна веста дека пејачот Харис Џиновиќ по 22 години брак се разведува од сопругата, модната дизајнерка Мелина Џиновиќ, со која имаше две деца, ќерката Џина и синот Кан. Мелина не зборуваше за разводот, но затоа Харис неодамна откри дека „ја знае причината“, како и дека „го оставила“ и дека „сите живеат заедно, само госпоѓата се иселила“.

Мелина сега ја напушти семејната вила во Сењак, а медиумите зборуваат за наводните проблеми со  Харис за време на бракот.

Модната дизајнерка Мелина наводно решила да го смени и презимето по разводот со Харис. Како што пренесуваат медиумите, таа не сакала да го задржи презимето на сопругот туку решила да го врати моминското презиме – Галиќ. Се чека само формално да ги смени документите и да добие хартија дека официјално се разведени.

Мелина и Харис почнаа да се забавуваат во 2002 година додека таа студираше, а се венчаа 12 години подоцна. Како што претходно изјави пејачката, тие двајцата се запознале во Сараево, сосема спонтано, а нивната врска започнала од авантура.

Фото: printskrin/instagram/hamelofficial/paparazo lov/ You Tube

To top