Како бомба одекна веста дека пејачот Харис Џиновиќ по 22 години брак се разведува од сопругата, модната дизајнерка Мелина Џиновиќ, со која имаше две деца, ќерката Џина и синот Кан. Мелина не зборуваше за разводот, но затоа Харис неодамна откри дека „ја знае причината“, како и дека „го оставила“ и дека „сите живеат заедно, само госпоѓата се иселила“.
Мелина сега ја напушти семејната вила во Сењак, а медиумите зборуваат за наводните проблеми со Харис за време на бракот.
Модната дизајнерка Мелина наводно решила да го смени и презимето по разводот со Харис. Како што пренесуваат медиумите, таа не сакала да го задржи презимето на сопругот туку решила да го врати моминското презиме – Галиќ. Се чека само формално да ги смени документите и да добие хартија дека официјално се разведени.
Мелина и Харис почнаа да се забавуваат во 2002 година додека таа студираше, а се венчаа 12 години подоцна. Како што претходно изјави пејачката, тие двајцата се запознале во Сараево, сосема спонтано, а нивната врска започнала од авантура.
Фото: printskrin/instagram/hamelofficial/paparazo lov/ You Tube