Netflix објави трејлер за втората сезона од емисијата за животен стил на Меган Маркл, ден откако таа и нејзиниот сопруг, британскиот принц Хари, го обновија договорот со стриминг платформата.
Според најавата што ја сподели Меган на нејзиниот профил на Instagram, следниот дел од шоуто „With Love, Meghan“ ќе биде емитуван за две седмици, на 26-ти август.
Меѓу познатите гости кои ќе во осумте нови епизоди ѝ се придружат на поранешната ѕвезда на „Suits“, ќе бидат американската манекенка и телевизиска личност Криси Тајген и ѕвездата на „Queer Eye“м Тан Франс, како и водителот на подкаст Џеј Шети и неговата сопруга, авторката на готвачи Ради Девлукија.
View this post on Instagram
Ќе се појават и готвачите Самин Носрат, Клер Смит, Кристина Тоси, Хозе Андрес и Дејвид Чанг, како и блиските пријатели на Меган, инструкторката по пилатес Хедер Дорак и шминкерот Даниел Мартин.
Првата сезона на „With Love, Meghan“ беше остро критикувана од критичарите. Една рецензија во весникот The Guardian ја опиша како „толку бесмислена што би можела да биде последното ТВ-шоу на Сасексoвите“.
Серијата има оценка од 3,2 од 10 на imdb.com. Netflix во тоа време соопшти дека снимањето на втората сезона веќе е завршено.
фото:Instagram printscreen/marklemeganoffical/ netflix







