Живот и стил

Медитеранската исхрана не е спринт, туку маратон

Медитеранската исхрана не е спринт, туку маратон

Медитеранската исхрана е исклучително здрава, но луѓето не треба да се залажуваат дека резултатите ќе се видат за неколку седмици, велат експертите.

Грчка салата наместо кроасан полн со шунка за време на ручек. Риба наместо црвено месо на скара за вечера. Ако ја следите медитеранската исхрана, тоа веројатно е од здравствени причини. Можеби вашиот лекар ви ја препорачал за да го намалите ризикот од кардиоваскуларни или други заболувања.

Сепак, не очекувајте брзи резултати, вели експертот за нутриционистичка медицина д-р Стефрн Бишоф: „Намалувањето на факторите на ризик за дијабетес или срцев удар нема да се случи преку ноќ – ќе потрае извесно време“.

Понекогаш позитивните резултати од исхраната се видливи дури по неколку години, па дури и децении. Оние кои практикуваат ваков вид усхрана треба да бидат свесни дека, како и сè во медицината, нема целосна гаранција дека ќе помогне.

„Постои генетска компонента за сите болести, но и начинот на живот, па затоа постои наследен ризик“, објаснува Бишоф, додавајќи дека придржувањето кон медитеранската исхрана сепак вреди.

„Луѓето со повисок генетски ризик исто така имаат корист“, вели тој.

Затоа, оние кои преминуваат на медитеранска исхрана треба да заборават на брзите резултати.

„Поентата не е во строгото придржување до начинот на исхраната неколку седмици“, објаснува Бишоф, додавајќи дека станува збор за години.

Откако ќе ја започнете овој начин на исхрана, голема е можноста дека ќе бидете истрајни во тоа, објаснува тој.

„Луѓето доброволно ја следат многу долго време, ако не и до крајот на животот – под услов да најдат начин да ја вклопат во нивната дневна рутина“, објаснува стручњакот.

Друга работа што треба да се земе предвид: исхраната не е погодна за краткорочно губење на тежината и не е фокусирана на намалување на калориите, вели Бишоф.

Ако сакате да изгубите неколку килограми, треба да го прилагодите внесот на храна и начинот на живот така што ќе внесувате помалку калории отколку што вашето тело согорува. Затоа, вежбајте повеќе, јадете помалку, препорачува.

фото:freepik
извор:нетпрес

To top