Мегафон На 22 мај во Јавна Соба

Мастерклас за креативно пишување со Венко Андоновски

Мастерклас за креативно пишување со Венко Андоновски

Во среда на 22 мај, од 20 часот во Јавна Соба ќе одржи Мастерклас за креативно пишување со писателот Венко Андоновски.

Андоновски е еден од најчитаните македонски писатели. Неговиот роман „Папокот на светот“ е продаден во повеќе од 12 000 примероци, а романот „Вештица“ го надминал тиражот од 7 000 примероци. Исто така, тој е еден од најпопуларните драмски писатели во Македонија. Неговите дела се преведени на десетина јазици: англиски, француски, руски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски.

Автор е на романите „Азбука за непослушните“, „Папокот на светот“, „Вештица“, „Ќерката на математичарот“ и „Папокот на светлината“.

 

To top