Пејачката Марина Висковиќ одмара на Миконос и ужива во љубовта со своето ново момче, кое за прв пат го покажа на јавноста.
Пејачката неодамна за прв пат проговори за своето момче, со кое изјави дека ја пронашла вистинската среќа. Таа откри дека ужива во љубовта со маж кој не е од Србија, а сега реши да го покаже.

Таа на својот Инстаграм профил објави нивна заедничка фотографија, на која јасно се гледаат силните емоции меѓу нив. На сликата, момчето ја држи Марина во раце, а на објавата ја додаде и песната „У мам загрљају“ од Оливер Драгојевиќ.

Парот моментално е на одмор на Миконос, кој го одбрале како идеална дестинација за летна забава.

Марина редовно споделува фотографии од одморот и плажата, но ова е прв пат таа да открие дел од својот љубовен живот.
Пејачката неодамна одлучи да го отстрани силиконот од усните, а резултатите тогаш ги покажа веднаш по интервенцијата.
Foto: printscreen/instagram/marina_viskovic_official







