Радио Милева ќе заплачеше... сега од среќа, ама после...

Марија Спасовска на студиите во Солун си откри ново омилено место: Пејачката веднаш сфати дека ако во него седи со часови и така продолжи, еден испит нема да положи (ВИДЕО)

Марија Спасовска на студиите во Солун си откри ново омилено место: Пејачката веднаш сфати дека ако во него седи со часови и така продолжи, еден испит нема да положи (ВИДЕО)

Како што веќе пишувавме и е познато, младата македонска пејачка Марија Спасовска замина на студии во Грција. Своето академско школување го започна на еден престижен универзитет во Солун, каде Марија ќе студира нешто што е сосема поразлично од музика.

Арно ама, во зградата во која е сместена и сега живее има и нешто што и тоа како е примамливо за младата пејачка. Музичко студио кое можат да го користат само оние кои кои се „музички писмени“ , односно се вистински музичари кои се занимаваат со музика и умеат да владеат со инструментите и севкупната опрема.

Откако по една недела чекање добила дозвола  да може да го посетува, пејачката видно возбудена едвај чекаше да го види. Очекуваше дека има музички инструменти, тапани, синтисајзер…

Но кога виде дека во студиото го има и нејзиниот омилен инструмент, ист како оној што го има и дома – електричното пијано (клавинова) и дојде да… заплаче од среќа!

Малку се шокираше кога седна да го проба, но пијаното не работеше, ама бргу сфати дека за да свири, теба да се вклучи во струја! А откако тоа го направи на радоста и немаше крај.

Малку класика, малку поп музика… И додека се беше свестила, времето летнало. Планираниот половина час се претвори во три часа свирка која и ја исполни душата, зашто задоволството на Марија беше толку големо што пејачката изгуби чувство и за времето и за просторот…

Но, штом застана бргу се свести дека во Солун не се запиша на музичка академија, ниту дојде  да прави музичка кариера…  Како секоја самосвесна девојка која зрело резонира, веднаш и беше јасно дека овде е за сосема нешто друго да студира, па ако тука доаѓа често и вака продолжи, еден испит нема да положи!

Колку музиката и да и е прва љубов и најомилено хоби на цел свет, сепак студиите имаат приоритет, па Марија Спасовска си вети дека најпрвин ќе биде добар студент.

Секој испит навреме положен, во рекорден рок годината ликвидирана, но музиката никако нема да биде заборавена и запоставена. Зашто Марија е подготвена да даде се’ од себе за паралелно успешно да тера и студии и музичка кариера!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Spasovska (@marija.spasovska)

Фото: Инстаграм/marija.spasovska

 
To top