Марија Шерифовиќ објави фотографија со својот син Марио на плажа, и нема никој што не бил воодушевен од оваа сцена.
Марија и нејзиниот син Марио носат исти шорцеви за плажа, држејќи се за раце и гледајќи во морето.

Пејачката напиша емотивна порака во описот.
-Кога се роди, знаев да кажам стопати на ден: „Мое малечко, каде одиме сега ти и јас? Каде одиме понатаму?“ И како што минуваат деновите, ми станува сè појасно… Овие мали, неизвесни, но наши чекори, се поважни и поголеми од сите патишта што сум ги изодела досега. Мојот компас – рече пејачката.

Да ве потсетиме дека Марија го поминува летото во Шпанија со своето семејство, од каде што објавува фотографии со наследникот и ниту една од нив не ги остава нејзините следбеници на мрежите рамнодушни.
фото:Instagram printscreen/serifovic




