Марија Луиса тодоровска заради трагедијата во Кочани реши да не пее… Се разбира на одредено време. Напиша дека не била се’ уште психички подготвена да застане на сцена.
Во меѓувреме пејачката замина дома, во родната Битола, кај мама. А кога веќе седи дома, реши да ја примени старата добра поговорка: „Џабе работи, џабе не седи“, па Марија тргна во подготовка да се покаже и потврди колку е и добра домаќинка.
Патем, муабетите со мајка, никогаш не се на одмет. Особено оние домаќинските. Само што пејачката овој пат се фати за оние муабети што и се „најболни“ на мајка и, за мажачката на својата ќерка која толку желно ја очекува, ама никако да ја дочека.
Марија Луиса пак по обичај, тргна да си ја врти работата на мајтап, па за малку што не доби стап. До душа доби само „тежок епитет“ од изнервираната госпоѓа мама, колку за да и покаже на ќерка и’, да не се обидува со неа да се зафркава.
Откако виде дека „врагот ја однел шегата“, Марија Луиса ги батали „празните муабети“, па се се зафати со конкретни работи. Ако се’ уште не е момент да се пее, наместо по дома бескорисно да се дреме, за домаќински работи секогаш е време.
Вешти раце на сестра Луиса, за сукање кори за зелниче, кое само уште треба да се запече… И потоа да се дегустира.
А, дегустаторот – од комшии… И тоа од јужното соседство! Зелникот многу добар, се е како што треба, потврдено од дегустаторот. До душа коричката малку подзагорена, поточно, троа повеќе подиспечена, ама затоа останатото – греота да збориш. „Голема домаќинка ќе се сториш“ – и самиот комшија и призна на Марија!
Се’ е како што треба…Чеизот спремен, невестата домаќинка – најдобра на светот… Се чека само уште да се најде зетот!
Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska