Битолската фолкерка Марија Луиса Тодоровска меѓудругото е позната и како многу чешита, па неретко знае да се шегува… И на своја сметка, ама и со оние најблиските околу неа. Од другарките до мајка и’.
Можноста на некој ден да биде во родната Битола, пејачката со привремена скопска адреса на живеење, меѓудругото ја искористила и за нова шега и малку смеење. Овој пат мета на нејзините „игри без граници“ кои се огледаат во разни шеги и зафрканции – токму госпоѓа мама.
Добрите домаќинки се познаваат по тоа што уште рано пред зори си ја фаќаат работата по дома, зашто во куќата секогаш има што да се работи, чисти, средува, зготви… Госпоѓата како една од нив, тргнала да си сработи нешто во бањата, кога ете ти ја по некое време ќерка и Марија, онака уште полубудна и полурасонета по пижами, ама со идеја како мајка и’ да ја намами за да и приреди нова итроштина.
Пластичната кутијата со ситни зрнца хемикалија тешко се отвора, а уште потешко се мери дозата, ама затоа е тука Марија. Ако треба и на сила да и ја грабне на мајка, за да и покаже „како (не) треба“, а всушност намерата е само да и ја искомпликува работата.
„Да ти покажам гледај…“ – упорна е Марија откако со смеење наместо неколку зрнца, ја истури половина кутија во капачето, па па потоа мајка и мораше едно по едно да ги враќа назад.
„Нема што да ми покажеш… Ако ти ја залепам една, сега јас да ги враќам назад… Бегај, мрш таму…“ – се изнервира жената од дејствието на нејзината ќерка, која одозгора уште тргна да и покажува како зрнцата се враќаат назад. Малку фалеше, само уште еден погрешен потег, па пејачката да изеде и ќотек!
„Еве тука ќе го стегнеш“… – продолжува со мајтапот Марија, арно ама уште не докажала и покажала, мајка и лутито ја прекина.
„Ти да го стегнеш така… Мрш, таму“ – се изнервира до крај жената додека ги враќаше зрнцата во кутијата, а Марија „умираше од смеење“.
Погледнете како изгледаше нејзиниот обид за мајтап со мајка и’ во видеото што пејачката самата го снимала и постирала на Инстаграм:
Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska