Радио Милева Кому што му фали...

Марија Луиса Тодоровска на другарка и Тамара од Белгија и донесе два подарока: Кому круна, кому… од силиконска гума! (ВИДЕО)

Марија Луиса Тодоровска на другарка и Тамара од Белгија и донесе два подарока: Кому круна, кому… од силиконска гума! (ВИДЕО)

Марија Луиса Тодоровска откако се врати од своето патешествие од Белгија, конечно по две недели пауза се виде со другарка и Тамара.  Средбата до душа невообичаена и неочекувана,  утринска, а утрото  и денот не се баш вообичаени за комуникација на Марија, зашто пејачката ноќе работи, а дење  дреме до ниедно време!

Како и да е,  Тамара стори едно два-три пати „чук, чук“ на влезната врата и ете ја Марија на порти.

Онака бушава, штотуку разбудена од спиење, баш и не и беше до фотографирање, ама кога веќе ја фатија апансанс и самата се потруди средбата да ја претвори во своевиден „перформанс“.

Падна срдечно гушкање и по некој бакнеж, за потоа да дојде време за дарување.

Зашто кога се враќаш од пат, некако редно е на блиските да им донесеш понекое подароче. Не кој знае какво, ама и едно скромно сувенирче е доволен доказ за внимание кон саканите.

 

Тамара, која Марија има обичај да ја вика Милица, веднаш се пофали со добиените подароци во вид на два мали приврзоци. Едниот во вид на мала круна, за нејзината царица Милица…

А другиот малку поспецифичен и пософт, иако навидум практичен и во изгледот прилично убедлив, сепак тешко дека може да биде употреблив. Зашто кај „возрасни бебиња“ како Милица ќе се изгуби во сочните усни и големата вилица.

Патем и самата јавно си кажа дека на вака атрактивна,  секси кукличка, не и фали ваква цуцличка! Со дополнителна констатација, дека оној кој купува ваква играчка, нему истата му недостасува, а цуцлата од силиконска гума во „познатиот облик“ ја купила Марија. Што не значи дека седи „гладна за машка возбуда“ „барут сува“ в ќоше, зашто Марија во секое време си го има „Тоше“!

Фото: Инстаграм/luisa.todorovska

 

To top