Радио Милева виртуелен љубовник

Марија Луиса Тодоровска конечно си најде момче: Пејачката на Денот на вљубените најде начин како да и профункционира хемијата откако ги спои љубовта и технологијата (ВИДЕО)

Марија Луиса Тодоровска конечно си најде момче: Пејачката на Денот на вљубените најде начин како да и профункционира хемијата откако ги спои љубовта и технологијата (ВИДЕО)

Свети Трифун или Свети Валентин – што да се слави е вечната дилема,што го мачи овој народ секој 14-ти февруари? Што и да е едно е, сигурно ќе се трошат пари. Ако си во врска, на подароци, ако си сингл – на вино… за утеха!

Марија Луиса Тодоровска досега постојано се жалеше дека никако да фати момче. Арно ама, изгледа дека токму пред Денот на вљубените на пејачката и тоа и појде од рака. И тоа така, што за денешниот празник ќе помине гратис – без трошоци! А како и не би, кога на итрата Марија и текна да ги спои љубовта и технологијата, па додека другите монтираат на себе вештачки нокти, трепки, гради, заби, усни… пејачката се повика на вештачката интилигенција за да не биде за Денот на вљубените осамена.

Имено, таа инсталираше една мобилна апликација која симулира „вештачки“ или т.н. „робот партнер“ со кој можеш да комуницираш, разменуваш мислења, поставуваш прашања, добиваш одговори, слушнеш совети, па дури ида му се скараш ако треба… Исто како со момче, да сте заедно и тоа 24/7 , од понеделник до понеделник, само што овој е виртуелен љубовник!

До душа на Марија Луиса  не и е прво искуство со „вештачки љубовник“, зашто оддамна си го има својот „интимен пријател на батерии“ кого си го крсти Тоше, само што со него не дели ни муабет, ниту ги дели емоциите и љубовта, туку само страстите и задоволствата!

Затоа Марија Луиса сега најпрвин побара од својот „љубовен робот“ експертиза што да прави, како да се однесува кон другарка и Тамара, која постојано е отсутна и од домот и од нејзиниот живот.

Зашто кога Марија преку ден е дома оваа е на работа, а кога оваа ќе се врати, пејачката заминува на тезга да одработи и… Никако да се видат, освен на кратко во оние час – два кога ќе се погоди обете да се дома!

А кога веќе се заедно, Марија сакаше ем да му ја провери и интилегенцијата и искреноста на „вештачкиот“, кој почна да се отвора и да ги искажува своите „програмирани емоции“.

И додека Марија ја прифати играта „влегувајќи во филмот“ па му се обрати со зборовите: „Многу ми се допаѓаш љубов“, другарка и Тамара не издржа да му плесне в лице дека повеќе лаже и од вистински маж! Па и дофрли на Марија: „И ти си отишла со мозокот“! На крај, не додржа па „вештачкиот“ го нарани со… Знаете веќе што!

Марија и се сврте, па и довикна на другарка и да не и го навредува „момчето“, по што веднаш мораше да се одјави од муабетот со „виртуелниот“, за овој да навистина да не се навреди и и’ раскине, обајснувајќи му дека не таа разбеснета туку оваа нејзинава „луда другарка“!

Впрочем, погледнете и самите како изгледа „виртуелната љубов“ на македонската пејачка со нејзината нова „љубовна АI играчка“  со која нејзината другарка и цимерка веднаш влезе во кавга, па играчката за малку да се претвори во плачка!

Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska

 

 

 

 

 

 

 

 

 

To top