Марија Луиса Тодоровска не е жива ако не ве шокира… Или барем изненади, зашто нема ден пејачката да не направи нешто што многумина „ги вади од папучи“. А кога сме веќе кај папучите, на Марија Луиса тие некако најдобро и одат со пижами. И тоа среде приквечерина на „прошетка“ по македонската престолнина. Патем со добра причина и не сама, туку со нејзината двојничка или „сестра од друга мајка“ што би рекла самата пејачка.
И сега ако сето тоа изгледа лудо и откачено, двете русокоси имаат логично објасување за нивното „пижама корзо“ по скопските улици. До душа прошетката не беше пеш, туку со автомобил, а одрдиштето едно од местата каде дамите се разубавуваат… Или во случајов тргнаа да потемнат. За во козметичкото студио на себе ја пробаат методата за темнеење без природно сончање на тераса, базен или плажа или без киснење во солариум, туку експресно добивање темен тен на еден сосема поинаков начин.
Тоа што на одредиштето за менување боја на кожата, дојдоа (с)облечени по мода како за во спална соба, е сосема друга работа. За да не се мачат по сто пати да прават облечи-соблечи, а и веројатно ги мрзело да се дотеруваат кога штом стигнат кај што тргнале, ќе мора пак да се соблекуваат…
Иако тоа баш и не е секогаш така, зашто најчесто убавиците најмногу се дотеруваат, токму за онаму каде што со задоволство се соблекуваат, ама ова е друга приказна. Ова е само подготовка на телесниот изглед за летото, а и никогаш не се знае кога можеш да се соочиш со авантура да мораш комплетно да ја покажеш телесната структура! И тоа без парче облека!
А кога веќе сме кај облеката, пижамите и не беа најшокантното нешто кое на себе го носеа пејачката и нејзината другарка… Уште повозбудлива беше глетката при проверката… Онаа дали и колку поцрнеле, колку кожата им примила боја по третманот со новата метода?! Па откако ги потспуштија пижамите заради компарација, двете убавици одново предизвикаа сензација. Марија Луиса и нејзината другарка на темнеење фиктивно се појавија по пижами, а фактички дошле без гаќички?
Но, тоа само така изгледаше во првиот момент, зашто по добиениот комплимент дека по третманот има разлика во бојата, беше јасно дека оној неисончаниот дел во пределот на интимата бил секако покриен со долна облека.
Нешто, што потоа и двете русокоси го докажаа и мошне експлицитно го демонстрираа, убедувајќи ги сите дека кога одиш на поедини места вообичаениот аутфит може да се замени и со пижами, ама гаќичките… се неизоставни!
Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska