Цеца Ражнатовиќ откри дека непознат маж упаднал во нејзината куќа на Кипар.
Се се случило додека пејачката била во Белград. Непознат маж упаднал во гаражата од куќата на Цеца на Кипар и таму останал под образложение дека „Цеца му е сопруга“.
Пријателката на Цеца, Валентина, која повремено ја посетува нејзината куќа на Кипар, ја затекнала страшната сцена.
– Ми се јави Валентина и ми рече дека имам непоканет гостин во мојата куќа. Потоа најде лудак кој се пресели во мојата гаража и се преправаше дека е мојот сопруг. Навикната сум на манијаци, па не ми беше хорор, но Валентина беше преплашена. Го глумеше и мојот сопруг, хорор – се присети Цеца на непријатната сцена.
Човекот кој го глумеше покојниот сопруг на Цеца, стоеше целосно гол во нејзината гаража.
-Кога таа го виде беше само во крпа, беше целосно гол. Се исплашила и повикала полиција – рекла Цеца, па додала:
– Не беше прв пат тоа да се случи, еднаш реагираше полицијата. После тоа беше депортиран во Србија и се надевам дека нема да се појави повеќе – изјави Цеца.
фото:Instagram printscreen/cecaraznatovic