Пејачката Маја Николиќ го прослави 18-от роденден на синот Лазар.
Гордата мама не ја криеше среќата поради роденденот на наследникот, а секогаш истакнуваше колку е горда на своите синови и дека срцето и е полно затоа што израснале во вистински и добри луѓе.
Маја вчера се огласи на својот Фејсбук профил каде објави слика на која се бакнува со синот кој на прославата на роденденот беше намачкан со торта.
– Лазар, гордоста на мама, 18 роденден – напиша Маја и стави црвено срце.
На пејачката и пристигнуваат честитки од целиот свет, а најмногу и порачуваат дека треба да се гордее со својот син.
фото: printscreen/insta/Facebook