Љубов и секс

Мали сигнали: Како да препознаете дали ѝ се допаѓате на некоја личност?

Мали сигнали: Како да препознаете дали ѝ се допаѓате на некоја личност?

Експертите процениле дека има 5 важни знаци кои треба да ги забележите!

Џејмс Прис, познат како „гуру за љубовни врски“ и Александер Зиф, основач на страната за запознавање „Ciao“ велат дека ако ги забележите овие 5 знаци можете да бидете сигурни дека сте оставиле впечаток.

 

„Пробивање“ во личниот простор

 

Секој од нас се обидува да заджи свој персонален простор во друштво со друго лице. Ако тоа лице ја наруши физичката дистанца, ве допре за раката или рамото, го доближи столчето, тоа е сигурен знак дека му се допаѓате.

 

Зачестено трепкање

 

Се должи на продолжениот контакт со очите и возбудата, поради што очите побргу се сушат и доаѓа до зачестено трепкање Тука спаѓаат и наведнување кон Вас, барање причина за допир, поцрвенување, проширени зеници.

 

Зборува премногу и ве задева

 

Тој што сака да ве импесионира ќе зборува многу за себе во обид да ве освои. Не значи дека не Ве слуша, но сака да остави впечаток. Ако ве задева и се шегува со Вас – тоа е сигурен знак дека му се допаѓате.

 

Ги забележува промените

 

Ако забележи дека имате нова фризура, промена во стилот на облекување, и го каже тоа – му се допаѓате. Ако не е така, не би ни знаел да направи разлика.

 

На почетокот глумат недостапни

 

Може да не ви одговара на порака со денови за да мислите дека има други опции. На почетокот, може да глуми недостапност за да има поголеми шанси за успех кај Вас!

фото: FreePik

Извор: Попара

To top