По забележителниот настап на јубилејното 40-то издание на Макфест, младата пејачка Елена Наумова и со лирик видео ја претставува својата нова песна „Само нека помине“, која публиката првпат ја слушна токму на штипската сцена. Настапот на најпрестижниот македонски музички фестивал за Елена претставува огромна чест и исполнување на сонот да биде дел од четиридецениското фестивалско музичко наследство кое создаде безвременски хитови и многу македонски ѕвезди.

Елена не ја крие гордоста што нејзината песна станува дел од ова големо музичко семејство.
Песната „Само нека помине“ е создадена од проверен тим професионалци: музикаиката и текстот се на Ристо Самарџиев, аранжманот на Давор Јордановски, продукцијата Мите Димовски, додека придружен вокал го пее Весна Малинова, а гитарите ги свири Дарко Тасев.

Сценскиот изглед на Наумова беше внимателно заокружен со модна и естетска поддршка. Фустанот на креаторката Елена Лука – креација која ѝ овозможи сценска сигурност и елеганција на сцената и ТВ, додека шминката е на Дргана мејкап, а фризурата на Фризерско студио Фриз.

Елена упатува голема благодарност до своето семејство, пријателите и публиката која ја поддржува со секој аплауз, а особено ја истакнува поддршката од нејзината другарка Софија, која била со неа во секој значаен момент од подготовките и настапот.
По успешната фестивалска премиера, музичката приказна продолжува – погледнетего видеоспот за „Само нека помине“, потпишан од MKANGALOV кој ја заокружи оваа емоционална музичка целина.







