Мегафон злосторство и казна

Македонските јавни личности згрозени од трагично згаснатиот живот на Фросина: Стоп на системот кој убива, казна за виновниците кои ги „стимулираат убијците“!

Македонските јавни личности згрозени од трагично згаснатиот живот на Фросина: Стоп на системот кој убива, казна за виновниците кои ги „стимулираат убијците“!

Младата Фросина Кулакова од Неготино чиј живот насилно згасна на 29 јануари, ќе биде погребана денеска. Дваесет и две годишната модна дизајнерка чии креакции оставаа печат на колоритност и позитивност го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин, кај Силбо, од 20 годишниот возач Васил Jованов.

Возел пијан, без возачка дозвола, просто летал по „Партизанска“, при тоа поминувајќи и на црвено светло на семафорот пред буквално „да ја збрише“ младата девојка, гаснејќи го нејзниот живот. На органите на прогонот познат и претходно, заради кривични дела меѓу кои поседување завидни количини од кои се произведуваат психотропни супстанци, обвиненија од кои „магично“ бил ослободуван или сосема благо казнет, заради влијателниот родител. За да предизвика трагедија која ја потресе јавноста, гаснејќи млад невин живот без грам вина.

Зашто вината лежи во некој друг… Но не само кај еден. Кај починителот секако, но дали само кај него? Корените се многу подлабоки… Од родителите, обвинителството, судот, генерално трулиот систем… Токму тој ни ги убива децата, зацрнува цели семејства, не јаде како најгрда ‘рѓа распаѓајќи го општеството, не јаде како црв од дното, од темелот на државата која се повеќе скапува… Со неа тонеме сите ние, целата нација! За жал кај поединци и нивните семејства со загуба која е ненадоместлива… И за да не биде дека на „недопирливите“ само оној горе ќе им биде судија, време е да се освестиме, па да почнеме да им судиме и на оние кои за тоа ги плаќаме. „Џелатите“ на нашите чеда мора да имаат име и презиме и секако да понесат одговорност! За корумпираната лакомост и направениот злостор, ако го има, мора да има и казна… И тоа најстрога!

Затоа е и денешниот протест најавен како огорчен револт на народот кој спонтано се собира за да и каже стоп на неправдата која коси невини животи!

А на народот му се придружија и јавните личности, познатите фаци од естрадата и јавниот живот, кои со свои статуси на социјалните мрежи ја споделуваат не само тагата и сочувството, туку и револтот и осудата, згрозени од неправдата на која мора да и се застане на патот, еднаш засекогаш да и се стави крај.

Ова е само дел од нивниот револт и згрозеност од настанот, но и силна порака дека  системот кој убива, мора да се „демонтира“… За младиот, невино згаснат живот да не биде само уште еден прерано свенат цвет во скршената вазна, виновниците по име и презиме мора да ја добијат заслужената казна!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Фото: Социјални мрежи

 

To top