Иако долго размислувал дали да се пријави за шоуто „Никогаш не е доцна“, македонскиот пејач Зоран Рудан Цеки по поледното издание е горд на својата одлука и пласманот што го постигна досега.
„Долго размислував дали да се пријавам бидејќи имав кариера во Македонија, но сега сум среќен бидејќи направив таков чекор и им го препорачувам на сите што размислуваат за тоа“ – искрен беше македонскиот натпреварувачот.
Пред Цеки да запее, му се обрати Зијо – Валентино:
„Честитки за стајлингот, ме пренесе во Санремо. Имаш слична биографија како Бреговиќ. Свириш од тринаесетгодишна возраст, потоа по ноќни клубови, па и по стриптиз барови, секогаш го гледав бендот, едниот си го чепка носот, другиот спие, јас сум морален човек, го гледав бендот, а не голите девојки“ – се осврна Зијо на биографијата на Цеки кој потоа ја изведе песната од Жељко Јоксимовиќ „Можеби тоа е љубов“!
Цеки и даде и личен шмек на својата изведба, што беше наградено од жирито.
„Зоран, ти си прекрасен, музикален, зрел. Што да кажам. Тенка е линијата помеѓу оној што ќе стигне и оној што нема да стигне до финалето. Сè што си направил досега, си направил многу добро. Браво и честитки“ – вака Неда Украден ги сумираше своите впечатоци, а претседателот на жирито исто така го пофали.
„Од првиот настап го слушам авторот кој пее туѓи песни. Секогаш го правиш тоа на свој начин. Со Јоксимовиќ, сè е многу ригидно, се очекува така да се отпее, но ти го изведе на свој начин и ви честитам“ – му рече Саша Милошевиќ Маре.
Од професионален аспект, Зијо му обрна внимание на неговиот голем адут.
„Зоран, професионалец си, може да се види дека го правиш тоа рутински и си предвидлив за мене затоа што тоа го правиш совршено. Немаш шарм на аматер, кај тебе е толку се совршено какокога гледаш на телевизија, што е одличен квалитет“ – сумираше Зијо – Валентино.
Во одлучувачката рунда за влез во финалето, се бореа седум фантастични пејачи, од кои бше избран и последниот кандидат кој влезе на самиот крај од натпреварот исклучиво преку гласањето на Фејсбук.
Во текот на 24 часа од завршувањето на шоуто, публиката имаше можност да ги поддржи своите фаворити, а еден кандидат имаше убедливо најголем број гласови. Ексклузивно според одлуката на Фејсбук гласачите, во големото финале ќе го гледаме нашиот Зоран Рудан Цеки, кој доби најголема поддршка со 40,9% од гласовите. Шоуто повторно ќе добие три победници и оваа година, а кој тоа ќе биде ќе зависи од стручното жири, СМС гласовите на публиката, како и од гласачите на Фејсбук.
Откако се дознаа резултатите, Цеки и јавно им се заблагодари на сите оние кои својот глас го дале за него со порака дека се гледаме во финале!
Кој да знае, можеби Македонија ќе добие уште еден победник во ова многу гледано регионално музичко натпреварување.
Настапот на Цеки во полуфиналето на „Никогаш не е доцна“ погледнете го во видеото подолу на 1 час и 15 минути.
Фото и видео: Јутјуб принтскрин/Nikad Nije Kasno – Cela emisija 40 – 22.06.2025.