Радио Милева скандал мајстор(и)...

Македонскиот пејач и ријалити учесник предизвикал инцидент: Адам Лабунски физички го нападнал „љубовникот“ на девојката на татко му Ибро?!

Македонскиот пејач и ријалити учесник предизвикал инцидент: Адам Лабунски физички го нападнал „љубовникот“ на девојката на татко му Ибро?!

Македонскиот пејач и поранешен ријалити учесник во регионалното реално шоу  „Задруга 6“,  Адам Лабунски и неговиот татко Ибро, кој е исто така познат македонски фолк пејач,  се нашле во центарот на љубовен скандал.

Како што раскажал изворот за српски Пинк.рс, Адам нападнал маж за кој наводно се посомневал дека е љубовник на девојката на татко му Ибро.

Имено, како што објаснил изворот, мажот кој бил со  девојката наводно потегнал ладно оружје, односно нож на Адам, поради што полицијата сега го истражува случајот, а ќе биде покрената и приватна тужба.

„Адам и Ибро пристигнале ненајавено и непланирано кај девојката на Ибро, каде ја затекнале како пие кафе со непознат маж. За цело време тој тврдел дека таа е негова девојка, на што Адам од бес  се нафрлил кон него. Наводниот љубовник тогаш изреагирал и почнал да му се заканува со нож, поради што Адам го нападнал, го претепал и му ги затворил двете очи. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, па сега е поднесена кривична пријава. Инаку таа жена е учителка и навистина не и доликува да си го расипува угледот со такви афери. Има проблем со тироидната жлезда, па можеби и подивеле хормоните, друго објаснување немам. Жената никогаш досега не се однесувала така, но… никогаш не е знае“ – открил изворот.

Ова не е прв скандал ниту на обајцата, особено не на Адам.

За потсетување, македонскиот пејач Адам Лабунски на регионот му стана многу повеќе познат по учеството во најгледаното ријалити „Задруга 6“, отколку по пеењето. Се обиде и во „Ѕвездите на Гранд“ од каде беше брзо исфрлен, па со татко му Ибро напрвија вистински метеж бурно реагирајќи.

Во „Задруга 6“  Адам исто така беше постојано во фокусот на вниманието заради разните скандали и непријатности што му се случуваа… Така, Урош Чертиќ му ја искуба косата и му откорна цел прамен , Мики Ѓуричиќ  ќе го тепаше, потоа Анастасија Бојановиќ го гаѓаше со чинија и за малку што не доби женски ќотек од неа…

Се обидуваше да ја ќари цицлестата силиконска старлета Жана – Омнија, ама доби „корпа“ од неа, плачеше за својот роденден во реалното шоу, а Иван Маринковиќ и Валентина Станковиќ го плукнале во грбот  кога тој ја напушташе „Задруга“…

Уште претходно се сликаше гол на нудистичка плажа, а тврдеше дека познатата српска пејачка Тијана Милентијевиќ, попозната како „Жена од султана“ цела вечер му се додворувала на еден сплав во Белград, па дури неколку пати и се обидела да го бакне, а тој едвај избегал, на што потоа таа му возврати: „Како да коментирам момче кое бараше да му помогнам за да стане популарен пред влезот Задруга“?

Адам ја побара раката на неговата тогашна девојка Џејлана Дачиќ., а запросувањето се случи на Босфорот на нивното романтично патување во Истанбул, кое Адам очигледно добро го беше испланирал, но не планирал дека од свршувачката со неа, подоцна  нема ништо да има.

Неодамна со својата нова избраничка и животна партнерка, обзнанија дека чекаат бебе. Јелена е бремена, а малата принцеза е на пат, па идните родители откако ги дупнаа балоните споделија:

„Изненадување! Бебето доаѓа“ – напишале Адам и неговата избраничка покрај објавата.

Фото:  Приватна архива/YouTube/Pink.rs принтскрин/adamlabunski/

 

To top