Радио Милева среќна и емотивно исполнета

Македонската ТВ водителка за првпат јавно го покажа момчето: Цеце Николова е „до уши“ вљубена?! (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската ТВ водителка за првпат јавно го покажа момчето: Цеце Николова е „до уши“ вљубена?!  (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската ТВ водителка Цеце Николова повеќе пати отворено зборуваше за своето тешко детство но и отворено говореше за алопецијата, здравствената состојба со која живее од најмала возраст.

Таа ги помина детските денови во згрижувачки семејства и во СОС Детското село, но никогаш не ги заборави луѓето кои биле при нејзиното растење. Така неодамна Цеце објави  фотографија со која ѝ го честиташе роденденот (20 март) на Наташа Ѓоргиевска, жената што се грижела за неа додека била во СОС Детското село.

„Денес и е роденден на жената што од мене направи човек! Мајка Наташа. Бескрајно благодарна за секоја секунда помината со тебе“ – напиша ТВ водителката на Канал 5 во описот на фотографијата.

Деновиве Цеце Николова откри уште еден детал од својот приватен живот.  Овојпат во прашање е љубовта откако Цеце очи в очи се погледна со среќата и сонот кој што секој од нас сака да го живее.

Имено, најновите фотографии  кои ги постираше на нејзиниот Инстаграм профил, покажуваат како изгледа нејзиното момче. Тие двајцата беа излезени на ноќна забава во еден од најпознатите скопски ноќни клубови каде се забавуваа на музиката на кралевите на ноќните свирки „Либеро бенд“.

Гушнати во прегратка, Цеце и нејзиното момче разменуваа нежности, бакнежи, допири… Минувајќи заеднички моменти опуштени и среќни, расположени, „до уши вљубени“…

Распеаната водителка со црвена роза во раката наместо микрофон, не престнуваше отворено да ја покажува среќата која и ја носи љубовта со нејзината брадеста посилна половина.

Ова е прв пат Цеце Николова да го покаже саканиот во јавноста, но засега без детали кој е, што е и со што се занимава нејиното момче.

Како изгледаа двете вљубени гулапчиња, погледнете од нејзиното споделено видео:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cece Nikolova (@nikolova.cc)

Фотои видео: Инстаграм/nikolova.cc

 
To top