Промотер интимна приказна

Македонската поп-рок сцена добива нова звучна нишка – Наташа Миха ја промовира „Светлина“

Македонската поп-рок сцена добива нова звучна нишка – Наташа Миха ја промовира „Светлина“

Најновиот  сингл „Светлина“е песна што истовремено е интимна приказна и универзално чувство на повторно будење и надеж.

Песната и видеото премиерно беа објавени на 29.05 (четврток), заедно со дигитална дистрибуција на сите стриминг платформи.

„Светлина“ е заедничко музичко дело на Наташа Миха и Дамир Пух, со текст напишан од самата изведувачка. Аранжманот, како и миксот и мастерингот, ги потпишува Дамир Пух, со својот препознатлив продуцентски печат, сработени во „GreenRoom Sound“ студио.

Видеото за „Светлина“ беше снимено со поддршка од неверојатен тим на креативци и професионалци, кои со својата енергија и посветеност придонесоа оваа приказна да оживее на екран.

Видео записот е во режија и монтажа на Мартин Георгиевски, a позади камерите и сет фотографијата се потпишува „ProCam“ продукција.

Сценскиот изглед е заокружен со дизајнерските креации на Дејан Сидор, за фризурата се има погрижено Марина Станковска од Студио Инфинито, а шминката е дело на талентираната Евгенија Кузмановска. “

фото:You Tube printscreen

To top