Талентираната струмичанка Славица Ангелова која успеа да го достигне врвот и да стане победничка во најгледаното шоу „Ѕвездите на Гранд“, социјалните мрежи најчесто ги полни со фотографии поврзани со нејзината кариера.
Но, не ретко знае да покаже и како изгледа природно, во домашно светло надвор од рефлекторите и камерите со тешка шминка и аутфит за на сцена.
Сепак, овој пат Ангелова реши да ги изненади следбениците и да сподели со нив за што мечтае.
Таа на своето „стори“, објави слика од плажа, а со тоа ги повика и другите да го направат истото и да се потсетат на мирисот на летото кое нејзе веројатно многу и недостига.
– Слика од плажа, од твојата галерија , додади своја“ – стоеше во нејзиниот коментар кој го оставила врз фотографијата.
Галеријата од мобилниот има опција да ги потсетува сопствениците на постари фотографии кои сама ги селектира, па дали беше таков случајот кај струмичанката или едноставно ја фати носталгија па ја побарала сама, сега засега не знаеме.
Како и да е доколку го отворите нејзиниот Инстаграм профил можете да ги погледнете токму тие стари фотографии на кои ѕвездата позира во полн сјај.
View this post on Instagram
Таа тогаш уживала во одморот, а жешките фотографии се тука да ги потсетува своите фанови како музичката ѕвезда изгледа во костим за капење.
фото: printskrin/instagram/slavica.angelova