Откако нејзиниот партнер ја запроси на многу необичен, на еден мото собир во Скопје, а македонската пејачка Благица Ѕунзуровска – кажа ДА, идната брачна двојка замина на одмор на егзотична дестинација. Возбудата од свршувачката помина, но заедничкиот живот допрва им претстои, па вљубените гулапчиња тргнаа да се навикнуваат еден на друг 24/7 далеку од дома.

Летната авантура се определија да ја тераат во познатото одмаралиште Хургада, во Египет, каде младата љубовна двојка свршеници, ужива за сите пари. Од мото – квад прошетките по пустината преточении во песочно сафари, до минување на долгиот сончев ден покрај и во хотелскиот базен.

Таму пејачката во леопардови бикини го споделила сиот свој телесен раскош и бујните облини. Иако можеби нема манекенски пропорции, туку повеќе наликува на секси мињонче, Благица е слатка како бонбонче.

Штотуку излезена од вода, онака влажна седната на работ од базенот, малечката сирена ужива во убавините на денот.

Но, летното задоволство не завршува тука, зашто забавата во базенот може да има и други привилегии, особено ако неа умее да ти ја приушти некој што е толку многу дружељубив, нежен, мил, сладок и фин… како морскиот делфин! Или поточно како нив, два!

Од кои едниот се вљуби во македонската убавица или можеби обратно, „прва што падна“ на неговиот неодолив шарм беше Благица?!

Како и да е, веднаш паднаа и бакнежи и тоа не на нејзините бели образи, туку директно оние најљубовните – уста в уста!

Но, за да не биде дека некој е јавно изневерен, во летната љубовна сеанса влета оној што и ја побара раката на пејачката, нејзиниот вереник Гордан Трајков. За час неговите врели бакнежи ги заменија делфиновите, сакајќи да покаже дека всушност оние вистинските – се неговите.

Така, македонската пејачка на генералката за „меден месец“ два пати сподели медени бакнежи. Остана само недоумицата чиј е посладок, кој е најмедниот? На морскиот цицач или на оној – копнениот?

Како и да е, пејачката покажа дека никој како неа не бакнува, зашто успеа и двајцата и свршеникот и делфинот страсно да ги бакне… Ама само едниот и јавно да го јавне!
Фото: Инстаграм/dzunzurovska







