Изминатиов викенд, Тони Цетински приреди три последователни концерти во легендарниот Сава Центар во Белград, а едно од најголемите изненадувања за илјадниците присутни беше појавувањето на специјалниот гостин – македонскиот пејач Ристе Ристески.
Протоколот внимателно го криеше неговото учество до самиот почеток на првиот концерт, по што салата го пречека со силни овации и громогласен аплауз.

Големото изненадување стигна и кога Цетински повторно се врати на сцената, за заеднички со Ристески да ја изведат „Заблуда“ – нумера која во оригинал ја пеат Цетински и Жељко Јоксимовиќ.

Дуетот беше еден од највпечатливите моменти на целиот вечерен спектакл, а реакцијата на присутните покажа дека ваква интерпретација досега не се слушнала во Сава Центар.
View this post on Instagram
Цетински не го криеше задоволството што како специјален гостин на сите три последователни концерти го има токму Ристе Ристески и откри дека целосно ужива во неговите настапи, па кажа: „Нема ваква емоција додека не запее македонскиот славеј“.

Мал дел од спектаклот јавноста може да погледне и на официјалните Инстаграм профили на Ристе Ристески и Тони Цетински.
View this post on Instagram
На социјалните мрежи многумина коментираа дека Ристески повторно покажал зошто своевремено беше препознаван како еден од најперспективните гласови на Балканот, a со овие настапи, јасно најави дека се враќа таму каде што најсилно припаѓа – на големата сцена пред својата публика.
фото:ПР тим Ристе Ристески






