Радио Милева природна убавина

Маја Николиќ го покажа лицето без шминка и филтри – Би ја препознале ли ваква? (фото)

Маја Николиќ го покажа лицето без шминка и филтри – Би ја препознале ли ваква?  (фото)

Маја Николиќ важи за пејачка која постојано ја интригира јавноста како со своето однесување, така и со својот изглед, кој го истакнува.

На пејачката со години не и е непознато појавувањето во провокативни изданија и со тешка шминка, поради што е препознатлива во јавноста.

Често ја гледавме со силен црвен кармин и истакнати очи, а Маја овој пат реши да се појави без шминка следејќи го трендот на познатата актерка Памела Андерсон.

Таа објави видео на Инстаграм придружено со неколку фотографии додека вози веспа низ градот без ни малку шминка, но сепак провокативно облечена како и обично во краток црн, деколтиран фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maja Nikolic (@majanikolic_official)

Расположената пејачка направи круг на веспа, покажувајќи дека лесно може да се појави во град без шминка и дека нема преголема разлика во изгледот со или без неа, освен што до израз дојде нејзината природна убавина.

– Додека чекам да го поправат хеликоптерот за да влезе во Фарма, мојата веспа е одлична замена – откри таа. Маја требаше да влезе во Фармата за време на отворањето, но тоа не се случи, што разочара многу нејзини обожаватели.

Сепак, како што таа сега најавува, тоа ќе се случи во одреден момент наскоро. На многумина им беше омилен лик поради позитивната енергија, експлозивниот темперамент, секогаш се обидуваше да го привлече вниманието кон себе, поради што сите со нетрпение го очекуваат нејзиното враќање.

фото: Instgaram

To top