Пејачот Љуба Перучица е еден од ретките мажи на јавна сцена кој без двоумење проговори за своите естетски корекции.
Тој е некој кој многу се грижи за својот физички изглед, па направи пластична операција за да го постигне посакуваниот изглед.
Љуба своевремено проговори што променил кај себе со интервенциите, но и што било најболно.
– Факт е дека секоја година се повеќе мажи почнуваат да внимаваат на својот изглед. Морам да кажам дека во моето опкружување познавам мажи кои едноставно сакаат да изгледаат убаво, да се грижат за својот изглед и мислам дека тоа се повеќе ќе се шири – објасни пејачот, а потоа продолжи:
– Мислам дека прагот на болка е поголем кај жените, а јас не сакам да ме боли (се смее). И искрено, секогаш прашувам, дали ќе боли. Најболното нешто што го направив беше со подочниците, но генерално мажот може се да издржи – признал Љуба и открил дека повремено си ги корегира темните кругови.
-Инаку, многу сакам фотографија, не само фотографија, туку и видео и се што е поврзано со овој прекрасен фотоапарат и постојано инвестирам во мојата опрема. Кога легнувам навечер, жена ми заспива, а јас седам и учам упатства на YouTube. Сакам да обработувам фотографии и да го правам тоа кога имам слободно време, тоа ми ги смирува нервите и никогаш не ми било тешко – рекол еднаш тој.
фото: printscreen/instgaram/ljubaperucica