ТВ и радио водителот Димитар Атанасовски има лош старт на Новата 2025 година. Таман се’ си почна убаво, еуфорично, весело, опкружен со убави луѓе, Диме направи еден погрешен потег кој го чинеше повреда од која легна во кревет.
Имено, Димитар старата година ја испрати работно од плоштадот Македонија каде беше водител на новогодишната програма од која настапија: „Нокаут“, „Ареа“, „Љубојна“, а и сопругата Сара Мејс.
View this post on Instagram
И се течеше весело и забавно, студено ама под наплив на возбуда, убава музика им беше одлично на сите се додека Димитар не направи лош погег и скокна од бината и ја повреди ногата.
Веќе првиот ден од Новата легнат во кревет со мобилниот во рака на Инстаграм објави „стори“ покажувајќи го отокот на ногата. Саркастичен на своја сметка ги праша следбениците: Кога сакаш да скокаш по бини, се правиш – цреп, двогрба камила или нога со две колена?
Веруваме дека ќе помине брзо, па во 2025-та Диме ќе лета, ама повнимателно со одлуките и потезите.
фото:Instagram printscreen/dimitaratanasovski_