Летото го испративме, му кажавме чао, но ги спакувавме и сите создадени спомени кои ќе останат да сведочат од фотографии и силни сеќавања од нашата меморија за се’ она што вредеше да биде зачувано од ова лето 2025-то.
Иако календарски настапи есента, топлите сончеви денови се’ уште се тука и не се откажуваат од тоа да не држат во летна перцепција.

Пејачката Викторија Лоба покрај убавото, има и од она што не сака да го зачува како трага од летото, а тоа е пигментацијата, односно флеките на лицето од сонцето кои се појавуваат особено кај оние со светол тен како неа.
Среќа за овој естетски проблем во денешно време салоните за убавина имаат третмани кои помагаат ова да исчезне, а Лоба не се штеди кога е решавањето на оваа мака, ако воопшто може и така да се нарече.

Решението троши време и пари, но веруваме дека кога самодовербата е во прашање кај Лоба останува недопрена.
Епа, наздравје лето!
фото:Instagram printscreen/victorialoba




