Да умееш да се пошегуваш на сопствена сметка, навистина е доблест, позитива за себе, а и убава слика пред другите. ТВ водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска важи за духовита, позитивна, личност која знае како со народот, а тоа го покажува повеќе од деција наназад преку квизот „Се или нешто“.
Кога е енигмата и ребусот во прашање, за Лила воошто не се непознати и несекојдневни, па дури и авторите на крстозбори од пачатена форма знаат да ја стават во фото рамка и да го постават нејзиниот лик како непозната загатка за решавање.

Многумина ќе речет дека дневниот број енигматика се погодил лесен, ама очигледно не за секого, особено кога е во прашање презимето на водителката.
Лила на Тик- Ток пронајде едно видео каде токму нејзиното моминско презиме Стојановска беше мистерија, па човекот се запраша колку ли пати се мажеше Лила за да не биде Филиповска бидејќи така не му се совпадна.
Токму шегата на сопствена сметка Лила овој пат ја препиша на себе, па видеото го стави на своите „стори“ заедно со „емот икон“ кој плаче од смеа.
фото:Instagram printscreen/lilafilipovska




