Пејачката Лидија Кочовска пред две години ја загуби најважната жена во животот – нејзината мајка.
Невенка Кочовска, легендарната вокалистка на некогаш мегапопуларната македонска група која пееше мексикански и латиноамерикански мелодии – „Мањифико“, почина на 81-годишна возраст, а во последните години од својот живот боледуваше од Алцхајмеровата болест.
Помладата ќерка на Невенка, Лидија Кочовска сега со јавноста сподели носталгичен спомен упатен преку социјалните мрежи со нивна заедничка фотографија.
Имено, таа на нејзиниот „Инстаграм“ профил сподели сеќавање од мајка си, а во описот напиша:
„Многу ми фалиш мамче“ – напиша таа.
View this post on Instagram
Лидија на овој начин ги чува спомените од мајка и, а со оваа објава докажа дека тагата по загубата не поминува, а времето не ги зацелува раните.
фото: printscreen/instgaram/lidijamagnifico