Радио Милева евоцираа спомени

Лепа Лукиќ откри детали од емотивната средба со Боки 13 – еве за што зборуваа… (фото)

Лепа Лукиќ откри детали од емотивната средба со Боки 13 – еве за што зборуваа… (фото)

Бојан Јовановски со Лепа се сретна во Скопје пред неколку дена.

Во емисијата на ТВ Пинк гостуваше кралицата на народната музика Лепа Лукиќ.

Тоа за што со денови пишуваат медиумите е средбата на Лепа со Боки 13 во Македонија, а сега таа раскажа како после толку години и турбулентен период изгледала нивната средба.

-Боки ме покани да пеам и ми договори настап и тогаш се сретнавме. Одлично му оди… човекот ослабе 30 килограми. Навистина го сакам… Секогаш го почитував. Тој е толку смешен. Ние сме пријатели веќе 15 години. Воопшто не се жали. Не сакав да го испрашувам. Мене ми изгледа одлично. Сега може да биде манекен, не го ни препознав. Тој се појави одзади и само ме прегрна и бакна, рече таа.

Бојан Јовановски со Лепа се сретна во Скопје пред неколку дена. За средбата, на својот Инстаграм профил напиша:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojan Jovanovski (@boki13official)

„Мојота драга, најдрага Лепа на гости во Скопје. Морам да ви кажам дека Лепа беше една од ретките која констатно и без престан ми пружаше поддршка и љубов додека бев во затвор и во болница, се јавуваше кај моите родители и ми пружи незаборавно внимание како вистински пријател во моите најтешки моменти! Немам што повеќе да и кажам, само едно најголемо благодарам Лепа, да си ми жива и здрава“.

фото:Instagram printscreen/ boki13official

To top