Лепа Брена на 20 јули одржа голем концерт во Дрвар во Босна и Херцеговина.
Најголемата музичка ѕвезда на овие простори пееше пред неколку десетици илјади луѓе, а на самиот крај им се заблагодари на семејството, на сопругот Боба Живојиновиќ, но и на своите соработници, меѓу кои го спомена и синот Виктор Живојиновиќ.
Виктор, имено, за време на целата турнеја „Имам песму да вам певам“, работеше во продукцискиот тим и како што се наведува во медиумите, тој е задолжен да се погрижи се да биде на завидно ниво.
Инаку, во моментот на заблагодарување на синот, како и на претходните концерти, очите на Брена беа полни со солзи од среќа, а на оваа тема зборуваше и младиот Живојиновиќ.
– Таа е Брена, а јас сум нејзин соработник. И кога нешто не е во ред, таа ме критикува и мене како и другите. Што е рецепт за успех – изјави Виктор, пишува Блиц.
Да потсетиме, Лепа Брена и Боба Живојиновиќ огласија на продажба луксузна вила во Мајами, а нејзината вредност беше проценета на 18 милиони долари.
фото: printskrin/instagram/viktorernest