Една песна деновиве ги допира срцата на сите родители чии деца заминаа од домовите, барајќи подобар живот низ светот. Неа ја создадоа и пеат Лазар и Елена Наумови, татко и ќерка кои нашата вистина и тажно секојдневие ги раскажуваат во песната ,,Година по година”.
За неа музиката и текстот ги напиша Ристо Самарџиев, додека аранжманот го потпишува Цане Петров, кој ги изработили и миксот и мастерингот за песната.
Видеоспотот во кој разбирливо улогите ги толкуваат споменатите татко и ќерка, го реализирала ИН Продукција и познатот продуцент Ване Петковски.
Инаку таткото и ќерката Лазар и Елена Наумови се познати музички имиња, особено таткото кој долги години е основач и член на групата „Бумбари“ со која последниве годининастапува како вокал и Елена.
Како звучи и изгледа оваа емотивна дуетска балада проследете во продолжение: