Мегафон музички новитети

Лара Иванова на Илинден го објавува своето ЕП со четири нови песни

Лара Иванова на Илинден го објавува своето ЕП со четири нови песни

Косопственичката на најпрегледуваниото македонско музичко видео на Јутјуб каналот, „Бела“, најави новитети кои ќги собрала на едно место во едно мини издание.

Имено Лара Иванова за Илинден го најави излегувањето на нејзиното ЕП. На него ќе се најдат четири нови песни:  „Само лага“, „Ризик“, “Токсин “- во соработка со Pance Kasapski   и „Таму горе“.

Датумот не е случајно избран зашто 2-ри Август е најголемиот македонаски празник, а ниту бројката  (од) „4“ (песни) не е случајна. За неа Лара вели:

„Бројот 4 има големо значење во областа на духовноста. Ги симболизира четирите елементи: воздух, оган, вода и земја, кои ја претставуваат важноста на соработката и единството во постигнувањето на нашите цели, ја отелотворуваат практичноста, структурата и напорната работа“.

Останува да слушнема како тоа лара Иванова и нејзиниот тим го изработиле и извеле.

 

To top