По бројните празници со кои завршува старата и во месецот со кој започнува секоја нова година еве го и февруари… Месец во кој официјално нема неработни денови, што не значи дека нема и празнување… Најпознат, оној „двојниот“ на 14 февруари… Официјално Св. Трифун за верниците, оние православните, во традицијата познат како денот на лозарите и секако неофицијално празник за љубителите на добрата капка… Алкохол, се разбира!

Од друга страна Св. Валентин – празник за католичките верници, ама многу повеќе за „љубовџиите“! Зашто последниве години, од сите набројани, токму овие последниве некако најмногу го празнуваат како „Денот на вљубените“! А, кога е празник на љубовта, треба да си добро подготвен за љубовна прослава! За истата да биде што повозбудлива!

Можеби токму затоа македонската екс мисица и модел, пејачка и од скоро водителка, ама и лотариска девојка Кристина Димитри се пофали со својот подарок или пристигната нарачка на социјалните мрежи.

Имено, атрактивната тетовка на своите Инстаграм приказни сподели клипче со прекрасно запакувана црвена кутија полна самодоверба. Зашто „самодовербата започнува од чувството што го носите најблиску до себе“, особено кога тоа што го носите треба тоа и некој друг да го види, за чувството да биде единствено, а возбудата заедничка. Особено на Денот на вљубените, кога љубовта по некое непишано правило или нова мода – сеедно, се споделува поинтензивно!

А, Кристина Димитри и годинава спремна за „Денот на вљубените“, само што сега возбудата не е јавна, зашто што има во црвената кутија можете само да прочитате, а не и видите, за разлика од порано. Сега возбудата е сведена на „двојна тајна“!
Но, не така оддамна еротската долна облека сексапилната тетовска убавица ја рекламираше исклучиво на себе, особено кога ќе дојдеше на ред „Денот на вљубените“. Глетката беше повеќе од возбудлива, Кристина максимално привлечна и заводлива, а ефектот максимален и толку многу фин, што потоа секој ден може(ше) да (в)и биде Св. Валентин.
View this post on Instagram
Ама тоа беа некои други времиња, кога атрактивната тетовка се пробиваше во естрадната јавност на секој можен начин, не срамејќи да го покаже она што и е можеби и најсилна страна: Фаталната привлечност и неодоливиот сексапил спакуван во еротски стил!
View this post on Instagram
Сега очигледно околностите се малку поинакви, па Кристина Димитри со заводлив поглед од бирото на својата канцеларија, нарачката може да ја покаже само од кутија. Сега внимава возбудата да не е јавна, туку само за некој од однапред предодредените, поточно за избраниот среќник што со неа радоста ќе ја подели на „Денот на вљубените“ како што е редно… Или уште вечерва, сеедно! Единствено тајната останува двојна: Дали и со кого?
Фото и видео: Инстаграм/blingbling.mk & eros.underwear/kristina.dimitry




