Мегафон поткаст гостин

Кристијан Габроски алиас Ристо Бомбата во „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски

Кристијан Габроски алиас Ристо Бомбата во „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски

Во неговите жили тече македонско-хрватска крв… Родум прилепчанец со долгогодишна скопска адреса на живеење и музичко портфолио со кое малкумина можат да се пофалат. По едукација машински инжењер кој никогаш не работел на струката, ама затоа работел или ги создал некои од најголемите македонски поп хитови.

Од прилепските алтернативни бендови како „Гарда“ до мегапопуларноста и успехот со „Ристо Бомбата и Кучешка тенија“, ќе го помине патот од трње до ѕвездии и назад. Лесни ноти, хумористични текстови, кокетирање со сексот и по некоја вистинска случка или лик во песните ќе го направат бендот антологиски, еден од оние кој влегуваат во македонската историја на популарната музика во независна Македонија со продадени над 50.000 примероци на нивната прва касета со албумот  „Има ли тесна“ и уште два пати по толку од страна на црниот пазар и пиратите.

Соло пејачката кариера ќе му оди по инерција на старата слава, ама затоа набргу ќе и се посвети само на авторско-студиската работа како композитор, текстописец, аранжер, продуцент… Создава мноштбво познати хитови, за некои од најпознатите македонски , но и албански поп изведувачи.

Во 2010 година неговата песна „Јас ја имам силата“ во изведба на Ѓоко Танески и раперот Били Ѕвер успешно ќе ја претставува Македонија на изборот за „Песна на Евровизија“.

Од 2002 до 2011 ќе биде уметнички директор на најреномираниот македонски фестивал на забавни мелодии „Макфест“ во Штип од кој ќе излезат мноштво хитови и дузина евергрини.

Покрај фестивалките песни за возрасни, работи на песните за детски фестивали како што е на пример детскиот фестивал „Калинка“.

Години наназад ќе биде и дел од раководството на контроверзниот ЗАМП (Завод за заштита на авторските и музичките права)и кој треба да ги штити правата на музичките автори, но зад него со години се влечат  опашки, хиопотеки и го следат мноштво контроверзи и незадоволства токму од оние чии права треба оваа монопол институција да ги застапува.

Приватно сопруг и татко на две деца, кои професионално никогаш не тргнааа по неговите музички стапки. Јадранот и риболовот му се место и начин за полнење на батериите, а неговото музичко студио место за исполнување на музичките соништа… Сопствените и на оние за кои твори, создава, компонира, продуцира, аранжира, снима…!

За сето споменато, но и уште мноштво помалку познати или сосема непознати работи за него и музичката естрада во Македонија, во ова издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ на гости кај Антонио Димитриевски ќе зборува некогашниот пејач, композиторот и музички продуцент Кристијан Габроски попознат како Ристо Бомбата.

Поткаст кој премиерно можете да го проследите  вечерва, среда (21. мај 2025), во 20.00 часот директно на   YouTube каналот на КурирМК (

To top