Фолкерката Катарина Живковиќ конечно ги потврди шпекулациите дека е во блажена состојба и реши да стави крај.
Како што истакна во едно интервју за тамошните медиуми нејзината одлука да молчи за бременоста се базираше исклучиво на страв.
– Ова е мојата последна објава за бременоста. Најпрво сакам да им се заблагодарам на сите новинари кои ја почитуваа мојата одлука да молчам за тоа, но верувам дека освен хуманоста, причината е што со нив имав фер и коректна соработка цели 16 години! Така е, јас сум бремена и многу сум среќна!
Во исто време, и малку исплашена, бидејќи сѐ уште е рана бременост. Тоа е единствената причина што не сакав да излезам јавно и да зборувам за бременоста! Верувам дека секоја мама и трудница ќе ме разбере, бидејќи стравот да не тргне наопаку е поголем од желбата да се пофалам на сите – објаснила Каќа.
Како што кажала, другата состојба ја фатила во моментот кога го завршувала албумот и имала големи планови за промоција. Сепак, и е драго што пропаднале поради бебето кое го посакувала со години.
– Неодамна влегов во петтиот месец и, иако планирав да издадам нов албум на кој работев долго и посветено и кој го завршив, оваа мала трошка во стомакот одлучи поинаку – вели идната мајка.
Катарина Живковиќ не крие дека е среќна со својот емотивен партнер со кој е во стабилна врска шест години, но останува доследна на одлуката да не го открие неговиот идентитет.
– Мојот избор да бидам дел од јавниот живот беше само мој, и како што другата страна ја почитува мојата желба да бидам тоа што сум, така морам и сакам да ја почитувам желбата на другата страна да не се изложувам на медиумите. Секој што сака да го зачува приватниот живот може да го стори тоа. Јас сум вистински пример за тоа. Многу сум посреќна кога мојата интимност е само моја и така ќе остане и во иднина.
Фото: printskrin/instagram/katarina_zivkovic_official