Кралицата Камила стана горда сопственичка на својата Барби верзија.
Компанијата Мател ја награди со сопствена верзија на Барби за нејзината соработка со фондацијата Women of the World, а во истата комбинација за оваа пригода беа облечени и кралицата Камила и Барби Камила.
Компанијата Мател пред две години лансираше колекционерска Барби, кукла на покојната кралица Елизабета Втора по повод нејзиниот роденден и 70-годишнината од тронот.
Откако кралот Чарлс ги намали своите кралски должности поради дијагнозата на рак, должностите ги презеде Камила.
Фото: printskrin/YouTube/Instgaram/clarencehouse