Никол Кидман и нејзината најстара ќерка Сандеј Роуз изгледале како близначки додека присуствувале на ревијата на брендот „Balenciaga“ за време на Модната недела во Париз.
Мајката и ќерката направија спектакуларен влез и го покажаа својот беспрекорен моден вкус, усогласувајќи ги своите стајлинзи со прекрасни црни фустани. Никол Кидман (57) ја покажа својата совршена фигура во тесен црн фустан од „Balenciaga“ украсен со светкави перли.
View this post on Instagram
Целиот стајлинг го надополнила со црни салонки, а очите ги сокрила зад правоаголните очила за сонце на „Balenciaga“. Добитничката на Оскар им испраќала бакнежи на обожавателите надвор, додека Сандеј Роуз (15) се обидувала да остане незабележана.
View this post on Instagram
Тинејџерката, која е најстарата ќерка на Никол и нејзиниот сопруг Кит Урбан, носела црн мини фустан од кадифе со долги ракави, висок изрез и истакнати нараменици.
Својот изглед го надополнила со непроѕирни хулахопки, црни лакирани салонки и го комплетирала со прекрасна кожна чанта. Исто како и нејзината мајка, убавата тинејџерка исто така ги сокрила очите зад темните очила за сонце.
View this post on Instagram
Многумина се согласни дека мајката и ќерката изгледаат прекрасно, а некои дури коментираат и дека тие изгледаат како близначки.
фото:Instagram printscreen/ marieclairerussia/
stephanefeugerephotography/ hola_mx