Мегафон одложен уште еден музички настан

Концертот на Пеѓа Јовановиќ во СЦ „Јане Сандански“ поместен за 15 мај

Концертот на Пеѓа Јовановиќ во СЦ „Јане Сандански“ поместен за 15 мај

Организаторите на концертот на српската музичка ѕвезда Пеѓа Јовановиќ кој требаше да се одржи на 5-ти април годинава во СЦ Јане Сандански – Скопје, заради страшната трагедија во Кочани е одложен, односно неговиот датум на одржување е поместен.

По тој повод организаторот EVENT GROUP се јави со свое соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

Драги пријатели,

Сите ние живееме во период и ситуација која не можеме лесно да ја надминеме. Трагедијата и болката се огромни и на сите ни треба повеќе време за да можеме да се навикнеме и да продолжиме понатаму… Заедно со Пеѓа Јовановиќ и неговиот менаџмент одлучивме дека треба да го поместиме одржувањето на концертот за четврток, 15 мај. Се’ друго останува исто како првично предвиденото и планираното. Купените влезници важат за новиот датум. Се надеваме на разбирање и однапред Ви благодариме на истото.

EVENT GROUP Team

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Event Group (@eventgroup.mk)

To top