Македонската манекенка и топ модел Бојана Нушкова и годинава уште во јуни ја отвори летната сезона. Раскошната убавица сподели моменти од престојот на море во Грција, на нејзината омилена дестинација – познатиот ресорт бич бар, кој се наоѓа на само 20 минути возење од Солун. Иако го носи името како најпознатата пусtина во светот, местото е далеку од пустина… Всушност е вистински летен рај со сите удобства и задоволства што ќе посакате да си ги приуштите.
Се разбира, ви треба само малку подлабок џеб и добро друштво, иако друштвото и таму можете да си го најдете. Особено ако налетата на ваква „дива мачка“ во плиткото крај брегот, како што изгледа македонската манекенка и модел во ултра мини бикини со леопардов принт.
Не можете да не ја забележите, а ако сте подобро упатени во светот на модата и јавниот живот секако и ќе препознаете Бојана Нушкова, додека онака опуштено испружена лежи на лежалката.
И додека „расната мачка“ го впива секој сончев зарак, фокусот на секој вистински маж е секако на телесниот раскош на долгоногата убавица.
Особено ако е легната на стомак, а сонцето ја милува нејзината убава, заоблена задница и во неа длабоко потонатата лента од тангата.
View this post on Instagram
Глетка за константна возбуда кај поединци, која ги тера да избегаат далеку од погледите, директно на ладење во длабокото…
И додека едни тешко остануваат воздржани да покажат колку се возбудени, на други им пречат стриите на истата таа секси задница на македонската убавица!
Арно ама, по она што Бојана го покажа, кому му е гајле за стриите на плажа? А Бојана Нушкова уште еднаш покажа со што атрибути располага, но и без кои работи не оди да летува!
Широката насмевка и сламениот шешир се тука за да не зоврие главата, а шармот и привлечноста да останат доминантни.
На плажа не се стои, туку на нешто треба да се седна, а потоа и легне.
По плажата и треба ладно засолниште под сенка и нешто во што ќе може да се погледне… Мобилниот, огледалото, а зошто да не и двете.
Конечно, иако на жештините многу не се јаде, освежувањето е сепак задолжително. Фрижидерот може да е празен цела седмица, но во него не смее да нема ладна и сочна лубеница!
А кога денот ќе помине и сонцето ќе зајде, ноќта ја презема магијата, па сексапилот го менува стилот. Само за позирање, а можеби и за дозирање на друг тип на забава во која главната улога ја има волшебната игра на сетилата.
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/boyananushkova