Познатиот српски композитор Горан Раковиќ Рале, гостувајќи во една емисија, јавно проговори за врската со пејачката Ана Николиќ.
Рале призна дека Ана му се кара секој ден, а потоа откри дека се во врска и го коментираше нејзиниот конфликт со Оља Бајрами.
– Тоа не беше никаков вид на конфликт. Ниту се запознале, ниту се виделе. Јас се скарав со Ана, а таа им се јави на новинарите. Јас и Ана се караме секој ден. Тоа е како Скадар на Бојана – рече Рале и додаде дека не ја кријат врската:
– Не кријам, не е спорно што сме заедно, но не гледам поента да се инсистира на тоа. Мислам дека би било добра идеја да ги ставиме камерите во местото каде што живееме и да видиме како тоа изгледа. Тоа трае додека некој не заспие. Постојано.
фото: printskrin/instagram/ananikolicofficial/ You Tube/ kurir