Маја Маринковиќ е поткована со информации и искуство на тема естетски корекции, но кога станува збор за основното општо образование, тоа не е баш така.
На социјалните мрежи во реалното шоу „Елита 7“ се појави видео во кое Маринковиќ има задача да наброи неколку птици. Откако успеа да „убоде“ неколку точни одговори, кога дојде на ред прашањето што е тоа фламинго, старлетата одговори дека тоа е „она на надувување за во базен“, а како членови на групата на птици, таа ги наброја и пчелите, осите, бумбарите и комарците.
@zadruga_elita_official #elita #elita7 #zadrugaelita #zadrugaelita7 #rtvpinkofficial #fyp #balkantiktok #elitatiktok #televizijapink #majamarinkovic #majamarinkoviczadruga #majamarinković #majamarinkovic👑 ♬ original sound – ELITA Zadruga Official
Но, тоа не е се, на прашањето: „Како се вика малечкото од коза?“ Маја одговори со: „Овца“, по што сите присутни пукнаа од смеа.
Да потсетиме, Маја Маринковиќ никогаш не криела што направила и дека го сменила личниот опис во однос на првото појавување во јавноста. Последната интервенција која ја направи пред да влезе во реалното шоу беше корекција на задникот, а неодамна ги објави плановите за во иднина.
„Кога пред некој ден имаше забава, се погледнав во огледало.
Размислував како ќе се чувствувам кога би ми била помала половината и би се рекло дека ќе бидам вистинска кукла!Можеби ќе извадам едно ребро кога ќе излезам“ – рекла старлетата, а цимерите со неверување ја погледнале и рекле дека веќе претерала со операциите.
Фото: Инстаграм/majaamarinkovic
Видео: ТикТок/ Елита7